Света Петка – Ден исполнет со благодат, заедништво и духовна радост
- Aleksandar Antevski
- Dec 9, 2025
- 1 min read

Со особена чест и голема духовна радост, на 26.10.2025 во Осло го прославивме празникот на нашата заштитничка Света Петка, како и двегодишнината од основањето на нашата црковна општина во Норвешка. Овој благословен ден беше исполнет со молитва, љубов и силно чувство на заедништво.
Посебна чест и благослов за сите присутни беше служењето на Неговото Високопреосвештенство Владиката Пимен, духовниот пастир на Европската епархија. Неговото присуство, мудри зборови и тивка, но силна духовна енергија ги исполнуваа нашите срца со мир и благодарност.
Атмосферата за време на Светата Литургија беше возвишена и тивко молитвена – верниците заедно се помолија за здравје, мир, љубов и духовна сила. Овој празничен собир уште еднаш покажа дека нашата заедница расте и се обединува со силата на верата.
По Литургијата следуваше заедничка гозба исполнета со убави мигови и дружење. Мнозина донесоа храна, благо и пијалоци, а славските колачи и панагиите беа благословени од отецот – гест кој донесе уште поголема духовна полнота.
Настанот не беше само свечен празник, туку вистинско сведоштво за силата на љубовта, заедништвото и живата вера која нè обединува овде, далеку од татковината.
Благодарност до сите што дојдовте и со своето присуство го направивте овој ден незаборавен! Да продолжиме да се собирааме, да се поддржуваме и да ја чуваме оваа заедница како дом исполнет со благодат и добрина. 🙏❤️
☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС! ☦️




Comments