Ноќта на Воскресението – Свечена Велигденска Литургија

Со голема радост и во атмосфера исполнета со вера и љубов, на 11.04.2026, ја прославивме Светата Велигденска Литургија – Христовото Воскресение.
Со запалени свеќи, молитви и срца исполнети со радост, верниците заедно го дочекаа светлиот момент на Воскресението Христово, исповедајќи:„Христос воскресе! Навистина воскресе!“ ☦️🙏

Особена радост ни донесе и детското велигденско катче, каде најмладите со насмевки, љубов и радост бојадисуваа велигденски јајца, дружејќи се и споделувајќи го вистинскиот празничен дух. 🥚✨
Благодарност до сите верници кои присуствуваа и со своето присуство ја направија оваа света ноќ уште поубава и поблагословена. ❤️
Нека Христовото Воскресение донесе мир, надеж и љубов во секое срце.
☦️ Христос воскресе! Навистина воскресе! ☦️




Comments