Годишно собрание на Европската епархија 2026 во Трир Германија
- May 13
- 1 min read

Со особена чест нашата црковна општина „Преподобна Параскева: Св. Петка“ од Норвешка учествуваше на Годишното собрание на Европската епархија, кое се одржа на 9 и 10 мај 2026 година во Трир, Германија.
Почитуваните претставници Катерина и Александар од нашата црковна општина присуствуваа на собранието заедно со претставници од 45 македонски црковни општини од цела Европа, каде беа разменети значајни искуства, идеи и иницијативи за понатамошно зајакнување на единството, соработката и духовниот живот на Македонците во дијаспората.
Од особено голем благослов за нас беше средбата со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, чија поддршка и духовно водство претставуваат значаен поттик за понатамошниот развој на нашата црковна општина во Норвешка.
Во рамки на настанот беше остварена и средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г.Горан Ангелов, со кого беше разговарано за важноста од зачувувањето на македонскиот јазик, култура и традиција меѓу нашите иселеници во Норвешка.
Како Црковен одбор, продолжуваме со уште поголема посветеност во нашата мисија зачувување и зајакнување на православната вера на нашата заедница и негување на македонскиот идентитет во Норвешка.
Благодарност до сите кои со љубов и поддршка придонесуваат за нашето заедничко духовно и национално единство. ☦️ 🇲🇰 🇳🇴




Comments