top of page

Прославивме една година постоење и ја одбележавме нашата црковна слава на „Преподобна Параскева – Света Петка“

  • Apr 25, 2025
  • 1 min read

Со огромна радост и благодарност кон Господ, сакаме да споделиме дека на 26.10.2024 година успешно ја прославивме нашата црковна слава и едногодишниот јубилеј од основањето на нашата црковна општина „Преподобна Параскева – Света Петка“ во Норвешка.

Настанот се одржа во Torshov Kirke, Oslo, и започна со Света Божествена Литургија предводена од нашиот почитуван Отец Жарко Ѓорѓиевски.Во духот на традицијата, многумина од вас донесоа колачи, панагии и други дарови, кои беа благословени и осветени за време на богослужбата.

Благодарни сме што имавме можност да организираме и осветување на домовите на верниците кои изразија желба за тоа, што уште повеќе ја зацврсти нашата заедничка вера и духовна поврзаност.

По завршувањето на литургијата, следеше заедничка трпеза на љубовта, каде што во топла и семејна атмосфера споделивме храна, благо и радост. Вашата несебична поддршка, присуство и придонес направија овој ден да биде навистина посебен и благословен.

Од срце ви благодариме што заедно ја прославивме оваа значајна пресвртница за нашата црковна општина. Вашата љубов, вера и заедништво ни даваат сила да продолжиме со уште поголема посветеност во иднина.

Нека ни биде вечен овој спомен и нека Преподобната Параскева – Света Петка ни биде вечна застапничка пред Господ!

Со благослов и срдечни поздрави,

Вашата црковна заедница

„Преподобна Параскева – Света Петка“,

Comments

bottom of page