top of page

Ден на словенските просветители: Празник исполнет со духовност, љубов и хуманост

  • Jun 27, 2025
  • 1 min read

На 24 мај 2025 година, со голема духовна радост и заедништво, го одбележавме празникот на светите браќа Кирил и Методиј – просветителите и заштитници на словенската писменост и култура.


Во чест на овој значаен ден, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која присуствуваа бројни верници од македонската заедница. Атмосферата беше исполнета со молитва, смиреност и благодарност, додека сите присутни се помолија за здравје, мир и благослов, оддавајќи им длабока почит на светителите чие дело е темелот на нашата духовност и идентитет.


По Литургијата, следуваше хуманитарен концерт со настапи на децата, подготвени со голема љубов и посветеност од наставничката Маја. Програмата беше збогатена со песни, рецитали и сценски изведби што ја славеа македонската традиција, вера и култура.


Настанот беше исполнет со топлина, радост и емоции – а најважно од сè, носеше хуманитарна порака.


Средствата собрани од концертот се наменети за поддршка на оние на кои помошта им е најпотребна.



Нека ни е за многу години!

Благодарност до сите кои беа дел од овој посебен ден!

 
 
 

Comments


bottom of page