Го прославивме Велигден 2025 – Христовото Воскресение
- Apr 25, 2025
- 2 min read

Почитувани браќа и сестри,
Со радост и длабока благодарност споделуваме дека оваа година Петок 18.Април, 18:30 часот достојно и молитвено го прославивме Велигден – Христовото Воскресение, најголемиот христијански празник, во топло заедништво и духовен мир.
Го одбележавме оплакувањето на постраданиот и погребан спасител Господ Исус Христос, со свечена богослужба исполнета со молитва и духовна тишина.
Во саботата 19.Април, 20:30 часот го прославивме воскресението на Христос со света литургија и причест, на која многу верници пристапија со љубов и вера.
Пред литургијата, децата имаа можност да учествуваат во детско катче, организирано како вовед во празничната вечер.
Светите богослужби ги изврши Отец Горан Стојчевски, кој ги благослови сите донесени колачи, панагии и велигденски дарови.
По литургијата, продолживме со заедничко дружење во просторијата од црквата, споделувајќи храна, благо, јајца и велигденска радост. Ви благодариме на сите што се приклучија и придонесоа со своите дарови и присуство.
Особена благодарност сакаме да изразиме до Отец Горан Стојчевски за неговата несебична посветеност, молитва и духовно водство. Со своето присуство и служба, ни помогна да го доживееме Велигден со вистинско смирение, љубов и вера.
Исто така, од срце им благодариме на сите вас – драги верници, семејства и деца – што со своето присуство, трпеза, насмевки и отворени срца го збогативте овој свет празник. Благодарение на заедништвото што го создадовме заедно, оваа прослава останува во нашите срца како светол пример за љубовта Христова и силата на заедницата.
Нека Воскресението Христово донесе мир, здравје и радост во секој дом, и да продолжиме заедно да го градиме нашето духовно семејство во Норвешка со љубов, разбирање и вера. Христос Воскресе – Навистина Воскресе!
Да ни е честит и благословен овој ден и Воскресението Христово!
Со благодарност и љубов во Христа,
Вашата црковна заедница
„Преподобна Параскева – Света Петка“




Comments