Божиќни Богослуженија во Manglerud Kirke
- Apr 25, 2025
- 1 min read

Драги верници,
Со голема благодарност и исполнети срца, сакаме да споделиме дека го одбележавме празникот Рождество Христово – Божиќ во прекрасна и молитвена атмосфера, во Manglerud kirke.
Оваа година, богослужбите по повод Бадник и Божиќ се одржаа на нова локација, а сите верници беа навремено информирани за промената од Torshov kirke кон Manglerud kirke. Ви благодариме што ја споделивте оваа важна информација со вашите блиски и пријатели!
На 06 јануари (понеделник), на Бадник, се одржа вечерна служба во 18:30 часот, која не' воведе во духовниот мир на празничната радост.
На 07 јануари (вторник), на денот на Рождество Христово – Божиќ, исто така се одржа вечерна служба во 18:30 часот, на која со заедничка молитва и љубов го прославивме раѓањето на нашиот Спасител Исус Христос.
Особена благодарност до Отецот Горан Стојчевски за успешно извршената служба каде што успеавме да ги причестиме најмладите и да им подариме пакетчиња на сите деца што присуствуваа.
Многумина од вас донесоа панагии и колачи за осветување, и истите беа благословени за време на службата. Исто така, беа организирани и посети за осветување на домови, со што го продолживме Божиќниот дух во домовите на верниците.
Благодарни сме на сите кои учествуваа и помогнаа да се создаде една срдечна и заедничка прослава на овој голем христијански празник. Вашата посветеност и љубов кон верата ја зацврстуваат нашата заедница.
Нека Божјиот благослов биде со сите вас и со вашите семејства!
Со почит и во Христова љубов,
Вашата црковна заедница
„Преподобна Параскева – Света Петка“




Comments