top of page

Благодарност за прославата на Бадник и Божиќ – 06.01 и 07.01.2024

  • Apr 25, 2025
  • 1 min read

прославата на Бадник (06.01.2024) и Божиќ (07.01.2024) во Torshov kirke, вистински посебна и благословена.

Драги верници и членови на нашата заедница,


Од срце ви благодариме што со своето присуство, љубов и вера, ја направивте прославата на Бадник (06.01.2024) и Божиќ (07.01.2024) во Torshov kirke, вистински посебна и благословена.


Во празнична атмосфера и заедништво, ја започнавме вечерната литургија на Бадник во 18:00 часот, каде што традиционално беа поделени лепчиња со паричка – честитки за среќникот кој ќе биде кум за наредната година. Следниот ден, на Божиќ во 16:00 часот, продолживме со свечена литургија и дружба, каде што споделивме вкусна храна, благо и многу насмевки.


Голема благодарност до сите што помогнаа во организацијата, донесоа послужење, придонесоа со донации или на кој било начин го поддржаа овој празничен собир. Вие ја правите нашата заедница жива и силна.


Нека Божиќниот мир и радост ве следат низ целата година, а заедништвото што го изградивме продолжи да расте!

Христос се роди!


Со благодарност и љубов,

Вашата духовна заедница

Преподобна Параскева – Света Петка

 
 
 

Comments


bottom of page