Благодарност за заедничката прослава на Велигден – 04.05.2024
- Apr 25, 2025
- 1 min read

Драги верници и поддржувачи,
Од срце ви благодариме на сите што ни се придруживте на свечената Велигденска богослужба на 04.05.2024 во Torshov kirke и ја споделивте радоста на воскресението на нашиот Господ Исус Христос.
Голема благодарност до Отец Перо Ампов за прекрасната служба исполнета со благодат, како и до сите што донесоа колачи, панагии, храна, јајца и благо – секој придонес беше дел од богатата и топла атмосфера што ја создадовме заедно.
По богослужбата, имавме можност за заедничка гозба, дружење и споделување на празничната радост – токму онака како што доликува на нашата верска и културна традиција.
Нека воскресението на Христос ве исполни со надеж, мир и благослов, и нека секој Велигден нè обединува во уште посилна вера и заедништво. Христос воскресе!
Со искрена благодарност,
Вашата духовна заедница
Преподобна Параскева – Света Петка




Comments