Oсновањето на македонското верско здружение
- Apr 25, 2025
- 1 min read

Драги браќа и сестри,
Со голема радост и благодарност ви се обраќаме по повод историскиот настан кој се одржа на 27 октомври 2023 година (петок) – свечената Света Литургија во чест на Преподобна Параскева (Света Петка) и официјалното отварање на нашето македонско православно здружение во Норвешка.
Литургијата, која ја предводеше Отец Ампов Перо, се одржа во прекрасната Torshov kirke, со почеток во 19:00 часот. Заедно, со едно срце и една душа, го осветивме овој ден како почеток на духовната и верска историја на Македонците во Норвешка.
Од дното на срцето им благодариме на сите што присуствуваа, на оние што донесоа посен оброк, што помогнаа во организацијата и што дадоа свој придонес – било преку донација, поддршка или молитва. Вашето присуство беше доказ за нашата единственост, заедништво и љубов кон православната вера.
Со Божја помош и под заштита на нашата заштитничка Св. Петка, го започнавме овој светол пат со верба, надеж и љубов.
Нека овој ден остане врежан во нашата историја како патронат и духовен темел на нашата заедница.
Со срдечна благодарност,
Ваша духовна заедница
Преподобна Параскева – Света Петка




Comments