Света Петка – Ден исполнет со благодат, заедништво и духовна радост
Со особена чест и голема духовна радост, на 26.10.2025 во Осло го прославивме празникот на нашата заштитничка Света Петка , како и двегодишнината од основањето на нашата црковна општина во Норвешка . Овој благословен ден беше исполнет со молитва, љубов и силно чувство на заедништво. Посебна чест и благослов за сите присутни беше служењето на Неговото Високопреосвештенство Владиката Пимен , духовниот пастир на Европската епархија. Неговото присуство, мудри зборови и тивка, но силна духовна...