Прослава на Велигден
10–11 април 2026
|Bydel Østensjø
Велигден 2026 – Христос воскресна! Најрадосниот празник пристигнува – ве покануваме да го прославиме заедно! Богослужби, велигденски јајца, и семејни активности! Сакаш да помогнеш? Пријави се како волонтер – празникот го правиме заедно!


Time & Location
10–11 април 2026
Bydel Østensjø, Byggveien 10, 0680 Oslo, Norway
About the event
Прослава на Велигден
Драги браќа и сестри,
Со голема радост ве покануваме да бидете дел од прославата на Велигден – Воскресението Христово, еден од најрадосните христијански празници, кој оваа година го славиме на 10 и 11 април 2026 година.
Дати:
Велики Петок – 10 април 2026 (петок)
Велика Сабота – 11 април 2026 (сабота)
Програма:
– Вечерна богослужба (Велики Петок) 10.04.2026 – почеток во 18:30.
– Детско Катче (Велика Сабота) 11.04.2026 – почеток во 18:30.
– Полнoќна Велигденска литургија 11.04.2026 – почеток во 20:30.
– Благослов на велигденски јајца и заедничка трпеза.
– Велигденски активности за деца и семејства
– Локација: Manglerud kirke, Byggveien 10, 0680 Oslo, Norge.
Доколку сакате да се вклучите како волонтер, пријавете се, заедно да ја споделиме воскресенската радост и да создадеме празник полн со љубов, заедништво и вера.
Христос воскресна! Навистина воскресна!
Добредојдени сте сите и благодариме однапред!
