Храмова слава – Преподобна Параскева (Света Петка)
søn. 26. okt.
|Bydel Østensjø
Радост, молитва и заедништво! Се гледаме на Света Петка – нашата храмова слава! 26.10.2025 Manglerud kirke 18:00 ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС!


Time & Location
26. okt. 2025, 18:00 – 22:00
Bydel Østensjø, Byggveien 10, 0680 Oslo, Norway
About the event
Нашиот голем празник пристигнува – прославете со нас!
26 октомври (недела)
18:00 часот
Manglerud kirke, Осло
Свeта Божествена Литургија
Со огромна чест и радост Ве покануваме на празничната литургија во чест на нашата заштитничка Света Петка и двегодишнината на нашата црковна општина во Норвешка!
Посебен благослов:
Неговото Високопреосвештенство Владиката Пимен, духовен столб на нашата вера и пастир на Европската епархија, ќе служи со нас! Ретка и благословена прилика да го поздравиме и да се укрепиме со неговите зборови и молитви.
По литургијата – заедничка гозба!
Сите кои сакаат можат да донесат храна, благо или пијалоци.Славските колачи и панагии ќе бидат дигнати и благословени од отецот.
🤝 Да покажеме љубов и заедништво!
Ова е историски момент за нашата заедница – да го направиме празникот величествен и масовно посетен!📢 Споделете го повикот и разгласете ја радоста за сите да дознаат!
Нека оваа литургија биде извор на благодат, мир и духовно обновување за сите нас!
Ве очекуваме со отворени срца!
☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС! ☦️
