top of page

За нашата црковна општина

слика 1.jpg
прва литургија.jpg
слика 2.jpg

Преподобна Параскева- Света Петка во Норвешка- Осло е дел од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија- Европска Епархија

На 27 октомври 2023 година, во летото Господово, беше основана црковната духовна заедница «Преподобна Параскева- Света Петка“.

Нашата главна цел е да ги обединиме сите верници од македонско-православна вероисповед кои живеат во Норвешка, a со тоа да ја зајакнеме нашата традиција и го зачуваме црковното наследство.

Во рамките на нашите активности се вклучени организирање свечени литургии за поголемите црковни празници, водење училиште за македонски јазик и веронаука, како и прослави на значајни македонски празници.

Vodno_1.jpg

Една од најважните активности на црковната организација "Света Петка" е организирањето на свечени литургии. Одржувањето  на литургиите представува собир каде верниците можат да ја изразат својата вера, да се молат за мир и благослов, и да го почувствуваат заедништвото со другите членови на заедницата.

 

Покрај литургиите, заедницата организира и училиште во кое се изучуваaт македонскиот јазик и веронауката. Ова училиште им овозможува на децата да ги научат основите на јазикот и на верата, што е од големо значење за зачувување на нивнот идентитет и култура. Преку интересни и интерактивни часови, децата имаат можност да ce запознаат co историјата, да ги зачуваат традициите, и воедно да ја зајакнат својата вероисповед и национална свест.

 

Покрај литургиите и училиштето, во заедницата се прославуваат и значајни македонски празници. Овие прослави не само што ги негуваат традициите и обичаите на македонскиот народ, туку и создаваат можност за заедничко прославување и заедничко воспоменување на истите.

 

Црковната организација "Света Петка" представува место каде што се зборува на мајчин јазик, место преку кое се зачувуваат македонскиот идентитет и православната вера во странство.

 

Секој кој чуствува нераскинлова врска со своето потекло, својот идентитет и својата вера е добредојден да се приклучи кон оваа организација.

bottom of page