top of page

Зачлени се денес

Зошто е важно да се регистрирате?

 

Норвешката држава секоја година издвојува одредени средства за сите регистрирани верски заедници на нејзината територија. Висината на оваа финансиска помош зависи исклучиво од бројот на формално регистрирани членови.

 

Средствата што ги добиваме по овој основ се нашиот главен извор на финансирање и се од огромно значење за унапредување на животот и работата на нашата црковна општина.

Co едноставна регистрација, можете да дадете траен придонес, а тоа нема да ве чини ништо.

Важно е да нагласиме дека регистрацијата во црковната општина е бесплатно и со самото регистрирање не стекнувате никакви обврски. Вие само го користите вашето законско право да изберете која верска заедница ќе добие поддршка од државата врз основа на вашата регистрација.

 

Регистрирајте се во парохијата Св. Петка

Со оваа едноставна регистрација можете да дадете значаен придонес за нашата црква во Норвешка. Доколку познавате некој што сè уште не е член на парохијата, а верувате дека би сакал да биде, слободно споделете му ја оваа информација.

 

Доволно е само еднаш да го пополните формуларот. За тоа ќе ви бидат потребни само неколку минути, но за нашата црква и заедница во Норвешка тоа ќе значи многу во годините што доаѓаат.

 

Сите православни Македонци што живеат во Норвешка припаѓаат на Европската Епархија.

Чија резиденција се наоѓа во манастирот «Покров на Свети Наум Охридски» во градот Малме, Шведска. Со епархијата управува Епископот Митрополит г. Пимен.

Успешно испратена шема

bottom of page